Достапни линкови

logo-print

Ново тестирање балистички ракети во Иран


Иран истрела два балистички проектили што е втор таков тест во изминатите два дена. Иранските медиуми јавија дека две „Кадр Х“ ракети биле испукани денеска од северен Иран и погодиле цели на 1.400 километри оддалеченост на југоисток на земјата. Полуофицијалната новинска агенција Фарс објави дека на ракетите било испишано „Израел мора да биде збришан“.

Претходно, американскиот потпретседател Џо Бајден објави дека ќе го посети Израел како дел од неговата блискоисточна тура.

Американскиот Стејт департмент по вчерашното лансирање го критикуваше Иран и соопшти дека ќе го покрене ова прашање пред Советот за безбедност на ОН.

Пред два месеци, Вашингтон воведе санкции против поединци поврзани со иранската ракетна програма поради тестирањето на ракетите „Емад“ со среден дострел во октомври 2015 година.

XS
SM
MD
LG