Достапни линкови

Почина „петтиот Битлс“ Џорџ Мартин


Џорџ Мартин

Џорџ Мартин

Легендарниот музички продуцент, сер Џорџ Мартин, кој ги обликуваше популарните Битлси во најважната музичка сила на светот, почина на 90-годишна возраст.

„Господ да го благослови Џорџ Мартин, мир и љубов за Џуди и нејзиното семејство“, напиша тапанарот на познатиот бенд Ринго Стар на Твитер.

Мартин важеше како петти член на составот. Тој беше продуцент, соработник и ментор на познатата ливерпулска четворка – Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

За време на својата шестдецениска кариера во музичката индустрија, Мартин ги продуцираше речиси сите објави на Битлси, но работеше и со Џери анд д пејсмејкерс, Џеф Блек, Америка, Чип трик и други.

XS
SM
MD
LG