Достапни линкови

logo-print

Убиен еден од командантите на ИД


 Умар ал Шишани

Умар ал Шишани

Пентагон соопшти дека во американски воздушни напади во минатата недела најверојатно бил убиен еден од главните команданти на терористичката организација Исламската држава познат како Умар ал Шишани или Чеченецот, како и уште 12 други милитанти. Нападот бил извршен во Сирија. Шишани бил на неколку врвни позиции во ИД, меѓу кои и министер за војна. Стејт департментот имаше распишано потерница по него од 5 милиони долари.

XS
SM
MD
LG