Достапни линкови

logo-print

Турција и Грција ќе соработуваат околу мигрантите


Турција и Грција ветија дека ќе соработуваат во спроведувањето на новиот план за враќање на бегалците во Турција кој начелно е договорен на самитот на ЕУ и Турција а кој веќе го критикуваа некои невладини организации. Премиерите на двете земји Алексис Ципрас и Ахмет Давутоглу на состанокот во Измир истакнаа дека имаат заеднички пристап кон ова прашање. Турција ја потврди спогодбата со Грција да ги прифаќа назад мигрантите кои се обидуваат да стигнат во ЕУ. Само од почетокот на годинава досега над 130 илјади мигранти и бегалци пристигнаа на грчките острови од Турција.

XS
SM
MD
LG