Достапни линкови

logo-print

Во Србија прогласена вонредна состојба поради поплавите


Српската влада прогласи вонредна состојба поради поплавите на територијата на 15 општини во Србија. Српското МВР соопшти дека во централниот дел на земјата се поплавени 710 домаќинства, а други 500 се загрозени од поплавите. Водата поплавила куќи, земјоделски површини, патишта, неколку мостови се однесени од надојдените реки. Во многу домаќинства нема струја. Досега се евакуирани 118 лица од поплавените области.

XS
SM
MD
LG