Достапни линкови

Словенија на полноќ ја затвори границата


Словенија од полноќ веќе не прима мигранти без валидни пасоши и визи, соопшти словенечкото министерство за внатрешни работи. Потегот е со цел да се намали бројот на мигрантите кои доаѓаат во Словенија од Хрватска, кои се членки на Европската унија, на нивниот пат кон побогатите земји на Унијата. Српската влада соопшти дека била информирана од Љубљана оти словенечките граничари од денеска ќе бараат од секој кој влегува на нејзина територија да има валидна виза на ЕУ. Србија која не е членка на ЕУ соопшти дека ќе почне да применува слична мерка за да го ограничи бројот мигранти кои доаѓаат од Македонија.

XS
SM
MD
LG