Достапни линкови

Европратеници бараат санкции лично против Путин


Членови на Европскиот парламент ја повикаа шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да воведе санкции лично против рускиот претседател Владимир Путин и 28 други поединци, поради „незаконскиот“ третман на украинската пилотка Надја Савченко, која е во притвор во Русија. Во писмото потпишано од 57 европратеници се наведуваат имињата на руски граѓани и проруски сепаратисти од источна Украина, кои се „одговорни за политичката одлука да се киднапира“ Савченко, да се „транспортира до територијата на Русија, незаконско да се приведе и да се фабрикуваат обвиненија против неа“.

Покрај Путин, европратениците бараат на црната листа да биде ставен и директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников, шефот на комитетот за надворешни работи во државната Дума, Алексеј Пушков, руски инспектори, како и лидерот на сепаратистите во источна Украина, Игор Плотницки. Се предлага под санкции да бидат и обвинители, судии и други личности, обвинети за фабрикување на докази против Савченко, која е во притвор 20 месеци.

Предлагачите сметаат дека санкциите против Путин и другите луѓе треба да вклучат забрана за визи во ЕУ, замрзнување на финансиските средства и конфискација на целиот имот во ЕУ.

XS
SM
MD
LG