Достапни линкови

Спасен од заложништво после пет години


Шабаз Тасир беше киднапиран во август 2011 година

Шабаз Тасир беше киднапиран во август 2011 година

Синот на убиен пакистански гувернер денеска беше спасен од пакистанските сили, пет години откако беше киднапиран од милитантите во градот Лахоре на истокот на земјата. Тој бил спасен во близина на градот Куета во провинцијата Балучистан. Шабаз Тасир беше киднапиран во август 2011 година, осум месеци по убиството на неговиот татко, секуларниот гувернер Салман Тасир. Него го уби неговиот телохранител Мумтаз Кадри поради тоа што се залагаше за промени на строгите закони за богохулење. Убиецот Кадри беше погубен на 29 февруари годинава во затворот во Равалпинди, што предизвика протести на конзервативните исламисти кои сметаат дека убиството на политичарот е оправдано.

XS
SM
MD
LG