Достапни линкови

logo-print

Украина се повлече од поставувањето „хомофоб“ за семеен правобранител


Илустрација

Илустрација

Украинската влада денеска ја повлече неодамнешната одлука за назначување на Адријан Буковинскиј за семеен правобранител, откако активистите обвинија дека тој е пристрасен против хомосексуалците. Тој беше именуван на функцијата на 24 февруари. На интернет страницата на украинската влада се вели дека тој никогаш не бил формално назначен за семеен правобранител, бидејќи не ги поминал дополнителните проверки.

Активистите за правата на хомосексуалците остро го критикуваат назначувањето на Буковинскиј, потсетувајќи на негови јавни изјави од 2013 година во кои изразува „хомофобични“ погледи. Во тоа време тој повикува на одбрана на „традиционалните вредности“ и ги осудува законите за заштита на правата на хомосексуалците во ЕУ и во САД. Тој исто така застана во одбрана на рускиот закон за забрана на „геј пропаганда“ и најави дека ќе поддржи сличен закон во Украина.

XS
SM
MD
LG