Достапни линкови

Грузија уставно го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена


Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили изјави дека владејачката коалиција ќе поднесе амандман за измени на Уставот, со кој бракот ќе се дефинира како заедница на еден маж и една жена. Тој рече дека коалицијата „Грузиски сон“ останува посветена на укинување на сите форми на дискриминација, но оти „толку важните вредности“, како бракот меѓу маж и жена треба да бидат вклучени во Уставот. Пред два месеци, грузиски граѓанин побара од Уставниот суд да ги легализира истополовите бракови. Антигеј расположението во Грузија, која сака членство во НАТО и во ЕУ, останува големо.

XS
SM
MD
LG