Достапни линкови

logo-print

Критики за планот ЕУ-Турција за мигрантите


Загриженост и низа критики доби планот меѓу Европската унија и Турција за справување на мигрантската криза, вклучително и можноста за целосно враќање на бегалците од Унијата во Турција. Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека колективното протерување странци е забрането според меѓународното право. Директорот на европското биро на УНХЦР, Винсент Кошел, изјави дека е „уморен да слуша за нелегалните мигранти“, истакнувајќи дека 91 отсто од луѓето што пристигнуваат во Грција се од подрачја зафатени со војна, како Сирија, Ирак и Авганистан. Тој рече дека Турција има направено повеќе за прифаќање на бегалците од ЕУ.

Амнести интернејшнал исто така остро го критикува договорот постигнат вчера меѓу европските лидери и турскиот премиер.

XS
SM
MD
LG