Достапни линкови

Грција да си ја врати незаконски доделената помош од земјоделците


Илустрација

Илустрација

Европскиот суд денеска ја потврди обврската на грчката држава да ја поврати незаконската државна помош за земјоделците од 425 милиона евра, која им била доделена како резултат на неповолни временски услови во 2008 година. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Судот утврди дека во 2008 година не постоеле неповолни временски услови со кои можат да се оправдаат овие мерки. Судот, исто така, го отфрли аргументот на Грција дека како резултат на сериозната криза што ја погоди грчката економија во 2009 година, условите на пазарот во земјата во тоа време не биле нормални.

XS
SM
MD
LG