Достапни линкови

logo-print

Нови санкции од Јужна Кореја против Северна Кореја


Јужна Кореја воведува нови санкции против Северна Кореја поради програмата за оружје на Пјонгјанг. Санкциите се насочени кон 40 луѓе и 30 субјекти. Денешната одлука на официјален Сеул следува по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која ја осуди четвртата нуклеарна проба на Пјонгјанг во јануари и лансирањето ракета со долг дострел минатиот месец. Сеул исто така се повлекува и од пилот-проектот за носење руски јаглен во Јужна Кореја преку севернокорејско пристаниште.

XS
SM
MD
LG