Достапни линкови

Германскиот „Заман“ ќе продолжи да биде критички кон турската влада


Најтиражниот турски весник „Заман“ планира да продолжи да излегува како опозициски дневен весник во Германија, откако турските власти презедоа контрола врз изданието во Турција, изјави главниот уредник на весникот „Заман Алманија“, Сулејман Баг.

Турските власти во петокот ја презедоа контролата врз „Заман“ во рамки на операција против приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и е голем противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата тврди дека движењето на проповедникот, наречено Хизмет, е терористичка организација.

„Од денеска ние ќе печатиме верзија на „Заман“, кој нема да има ништо заедничко со турското издание, бидејќи беше насилно преземен од државата“, истакна Баг.

Вчерашниот број на „Заман Алманија“ излезе со црна насловна страница и наслов „Уставот е прекршен“.

„Ние ќе печатиме независен весник. Уште не сме размислиле како ќе изгледа тоа, бидејќи ова е нов предизвик за нас“, нагласи Баг.

Заман Алманија“ сега има 14.300 претплатници на печатеното издание во Германија, каде живеат три милиони турски државјани.

XS
SM
MD
LG