Достапни линкови

logo-print

Мајкл Блумберг нема да се кандидира за претседател


Мајкл Блумберг

Мајкл Блумберг

Екс градоначалникот на Њујорк, медиумскиот магнат Мајкл Блумберг објави дека решил оти нема да учествува во трката за претседател на САД како независен кандидат. Блумберг, демократ кој стана републиканец, па потоа независен, ваквата своја одлука ја образложи вака:„Има големи шанси мојата кандидатура да доведе до избор на Доналд Трамп или на сенаторот Тед Круз. Премногу ја сакам својата земја за да играм улога во изборот на кандидат кој би го ослабил нашето национално единство или ќе ја замрачи нашата иднина. Затоа нема да влегувам во претседателската трка“.

XS
SM
MD
LG