Достапни линкови

logo-print

САД со повик до талибанците во Авганистан


Соединетите држави ги повикаа талибанците да им се приклучат на мировните преговори во Авганистан. Претходно тие соопштија дека нема да земат учество во преговорите со авганистанската влада, наведувајќи го нивното старо барање дека најпрвин е неопходно сите странски сили да заминат од земјата. „Тие имаат избор. Наместо да ги продолжат борбите што ја дестабилизира нивната држава, да се вклучат во мировниот процес и да станат легитимен дел од политичкиот систем во Авганистан“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

XS
SM
MD
LG