Достапни линкови

Во Тунис спречен обид за создавање емират на ИД


Во вчерашната битката меѓу туниските сили и екстремистите во близина на границата на Тунис со Либија загинале најмалку 53 луѓе, соопшти туниската влада. Премиерот Хасан Есид изјави дека нападот го извршиле милитанти на Исламската држава во обид да воспостават нивно упориште на границата. „Тоа беше планиран и организиран напад со цел да се преземе контролата врз тоа подрачје и да се прогласи нов емират“, изјави претседателот на Тунис Беџи Есебси. Во нападот загинале 35 милитанти, седуммина цивили и 11 членови на туниските безбедносни сили. Тунис е релативно стабилна држава во северна Африка и често пати во последниве години се судира со екстремисти на својата граница со Либија и Алжир.

XS
SM
MD
LG