Достапни линкови

Поддржувачите на Љубе Бошкоски бараат негово ослободување


Фото: ТВ Телма

Фото: ТВ Телма

Стотина поддржувачи на Љубе Бошкоски од неговата партија „Обединети за Македонија“ денеска протестираа пред затворот Идризово во Скопје, барајќи од директорот на затворот Живко Пејковски да го потпише решението за ослободување на поранешниот министер за внатрешни работи. Петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања на Бошкоски истекува на 6 јуни, но тој може да биде ослободен три месеци претходно. Неговите поддржувачи се сомневаат дека врз директорот на затворот се вршат притисоци за да не дозволи Бошкоски да излезе од затвор порано.

Директорот на Казнено-поправниот дом Идризово, Живко Пејковски, пак, во денешната пишана реакција до медиумите ги отфрла наводите за каква било политичка вмешаност и вршење притисок од кого било за случајот со Љубе Бошкоски. Тој вели дека се разгледува можноста за предвремено отпуштање на Бошкоски и нагласува дека, според законот, осуденото лице може да се отпушти до 90 дена пред истекот на казната затвор, а не на 90 дена пред истекувањето.

XS
SM
MD
LG