Достапни линкови

Редици шатори во Идомени - Заглавени 12 илјади луѓе


Бројот на бегалци и мигранти во кампот Идомени на грчката страна на границата со Македонија, гледано од птичја перспектива, е фрапантен. Редици шатори се изникнати во полето покрај пругата. Поради одлуката на Австрија за ограничување на бројот на бегалци, Македонија, како и другите земји од балканската рута, исто така пропушта само по неколку стотини бегалци дневно. До пред неколку месеци, границата ја поминуваа по неколку илјади бегалци и мигранти дневно. Идомени сега стана тесно грло за бегалците. На границата со Македонија сега се заглавени повеќе од 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG