Достапни линкови

Могерини - Турција да ги почитува демократските вредности


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини

Турција како земја кандидат за членство во Европската унија треба да ги почитува демократските вредности, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини по пристигнувањето на вонредниот самит ЕУ-Турција посветен на миграцијата.

„Турција треба да одговори на апелите на ЕУ за заштита на највисоките стандарди за почитување на законот, демократијата и основните слободи, почнувајќи од слободата на медиумите и слобода на собирање, истакна Могерини, коментирајќи ја ситуацијата со преземањето на опозицискиот весник „Заман“ од страна на власта.

Таа оцени дека односите меѓу ЕУ и Турција се многу сложени и комплексни и оти има низа прашања за кои двете страни соработуваат, вклучително и напорите за прекин на петгодишната војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG