Достапни линкови

Унгарија и Хрватска повторно ги отвораат железничките премини


Унгарија и Хрватска повторно ќе ги отворат трите заеднички железнички гранични премини, кои се затворени од средината на минатата година поради бегалската криза, објави денеска унгарската агенција МТИ. Засега не се знае кога тие премини ќе бидат повторно отворени и дали таа мерка ќе биде трајна, пренесува Танјуг. Голем број бегалци и мигранти влегоа минатата година во Унгарија преку граничните премини Коториба-Муракерестур, Копривница-Џекењеш и Бели Манастир-Маџарбол, на патот кон Германија. Големиот прилив на бегалци беше запрен кога Унгарија кон крајот на 2015 година крена ограда на границата со Србија и Хрватска, со цел да го спречи нивен понатамошен влез.

XS
SM
MD
LG