Достапни линкови

Иран да го почитува нуклеарниот договор и во наредните години


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукиа Амано

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукиа Амано

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукиа Амано, рече дека придржувањето на Иран до нуклеарниот договор со светските сили е само прв чекор, велејќи дека Техеран мора да продолжи да ги почитува своите обврски и во годините што претстојат. Тој ова го кажа денеска на отворањето на состанокот на одборот на организацијата во Виена. Агенцијата ја следи усогласеноста на Иран со меѓународниот договор. Техеран се обврза да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG