Достапни линкови

Хуманитарна помош преку руските бази во Сирија?


Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да обезбеди пристап до нивните воени бази во Сирија за испорака на хуманитарна помош. Портпаролот Игор Конашенков изјави дека хуманитарната помош може да биде складирана и испорачувана од нивната база во сириското пристаниште Тартус, а транспортните авиони кои пренесуваат помош може да слетуваат во руската воздухопловна база во Латакија. Министерството, минатата недела, подготви листа на области за кои се верува дека е потребно итно да се достави помош и го препрати до ОН. Министерството соопшти дека прекинот на огнот во Сирија главно се применува и покрај тоа што има престрелки и провокации.

XS
SM
MD
LG