Достапни линкови

logo-print

Руте - ЕУ сака да ги врати во Турција сите мигранти кои не се од Сирија


Холандскиот премиер Марк Руте

Холандскиот премиер Марк Руте

Европската унија очекува од Турција да ги прифати назад сите мигранти кои не се од Сирија и да вложи максимални напори за да ги спречи сириските бегалци да заминуваат од нејзините брегови, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте, по пристигнувањето во Брисел на средбата на врвот ЕУ-Турција, која се очекува да даде поттик на билатералната соработка во врска со мигрантската криза.

„Сепак, на крајот се стремиме бројот на приливот на сириски бегалци да се сведе на нула. Ќе видиме какви мерки можат да се преземат“, додаде холандскиот премиер.

Истовремено, Руте изјави дека е „среден оптимист“ околу „отстапките“ кои Турција би можела да ги направи за ЕУ.

XS
SM
MD
LG