Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во Пакистан, 10 загинати


Најмалку 10 луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени, откако бомбаш самоубиец денеска се разнел пред суд во областа Шабкадар во северозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбашот го активирал експлозивот кога полицајците го запреле пред да влезе во судската зграда. Меѓу убиените има и двајца полицајци. Организацијата Џамут-ул-Ахрар ја презеде одговорноста за нападот. Тие соопштија дека тоа е одмазда за погубувањето на Мумтаз Кадри, кој беше осуден на смрт поради убиството на провинциски гувернер, кој се залагаше за промени на строгиот закон за бласфемија. Шабкадар е на околу 150 километри од главниот град Исламабад и е во непосредна близина на племенската област Мохманд во која имаше неколку напади во последните неколку дена. Пакистанските талибански милитанти водат бунт против државата од 2007 година во обид да наметнат строга интерпретација на исламскиот закон.

XS
SM
MD
LG