Достапни линкови

logo-print

Турција подготвена да соработува, но и да стане членка на ЕУ


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турција е подготвена да соработува со Европската унија во решавање на бегалската криза, но подготвена е и да стане членка на Унијата, порача денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу во пресрет на почетокот на Самитот ЕУ-Турција во Брисел. Тој истакна дека овој Самит сам по себе покажува колку Турција и е неопходна за ЕУ и обратно. Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска со Давутоглу во обид да ја притиснат Анкара во спречувањето на приливот на бегалци и мигранти во Европа.

XS
SM
MD
LG