Достапни линкови

logo-print

Судири со исламистичките милитанти во Тунис


Илустрација

Илустрација

Туниските безбедносни сили се судрија со милитантите кои нападнаа касарна во близина на границата со Либија. Туниското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 21 исламистички милитанти биле убиени во денешните судири во градот Бен Гуердон. Судирите се случуваат во време на растечка меѓународна закана од Исламската држава во Либија. Туниската влада е особено загрижена, откако десетици туристи беа убиени во исламистички напади минатата година. Минатата недела, туниските сили убија петмина тешко вооружени милитанти, по неколкучасовна престрелка, откако поголема група милитанти влегла во земјата од Либија.

XS
SM
MD
LG