Достапни линкови

Ципрас од Самиот ЕУ-Турција очекува решение за бегалскиот прилив


Билатерална средба на премиерите на Грција и на Турција, Алексис Ципрас и Ахмет Давутоглу во Брисел

Билатерална средба на премиерите на Грција и на Турција, Алексис Ципрас и Ахмет Давутоглу во Брисел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека од денешната средба на врвот ЕУ-Турција во Брисел очекува „фактички резултати“ за намалување на бегалскиот прилив, за разбивање на организираните мрежи од шверцери и за усвојување на итни процедури за преселување на мигрантите.

„Проблем на сите е да се најде европско решение. За жал на средбите имаше договори кои не се применети за сите и не се почитуваат“, истакна Ципрас.

Тој нагласи дека „ситуацијата е тешка и треба да се соочиме со неа, бидејќи во Европа има конкретни принципи и вредности за поделба на одговорноста, како и важност и правила, кои се за сите“.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Никос Ксидакис, пак, искажа внимателен оптимизам за исходот од денешниот Самит во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Атина, во изјава за едно грчко радио тој истакна дека Грција нема друг начин освен консензус и притисок врз земјите што ја применуваат политиката на затворени граници. Тој истакна дека во Европа ништо не е сигурно, а во однос на Австрија и земјите од Вишеградската група рече дека со нивното одбивање да ги спроведуваат одлуките на ЕУ, меѓу другото, го прекршуваат меѓународното право.

На прашањето дали Анкара може и сака да се намали протокот на бегалци во Европа, Ксидакис само рече дека визната либерализација сама по себе ќе биде огромна промена и голем политички профит за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

XS
SM
MD
LG