Достапни линкови

САД и Јужна Кореа на воени вежби, Северна Кореа се заканува


САД и Јужна Кореа денеска почнаа заеднички масовни воени вежби на кои учествуваат над 300 илјади јужнокорејски и 15 илјади американски војници. Станува збор за редовни годишни вежби кои траат до крајот на април. Годинашните се најголеми досега откако во јануари годинава Северна Кореа изврши нуклеарна проба што доведе до нови меѓународни санкции против Пјонгјанг. Северна Кореа се закани дека ќе изведе предупредувачки нуклеарен напад врз САД и Јужна Кореа доколку ги почнат вежбите. Ваквата реторика на Пјонгјанг е добро позната и досега, а воените аналитичари се сомневаат дека Северна Кореа може да изведе таков напад.

XS
SM
MD
LG