Достапни линкови

logo-print

ИД одговорна за нападот во Ирак


Ирачките власти соопштија дека во самоубиствениот напад со автомобил бомба во близина на Багдад загинале 47 лица, а десетици биле повредени. Од загинатите 39 се цивили, а останатите се припадници на безбедносните сили. Нападот се случил на контролен пункт во градот Хила, кој се наоѓа јужно од главниот град. Локалните власти соопштија дека тоа е најтешкиот напад со кој се соочила покраината. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG