Достапни линкови

Фицо ги започна преговорите за фомирање Влада


Словачкиот премиер Роберт Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги започна разговорите за формирање нова Влада по победата на неговата партија на изборите. Социјал-демократската партија Смер по пребројани 99 проценти од гласовите се очекува да добие 49 од 150 места во Парламентот, за разлика од претходниот мандат кога имаше 83.

Либералната партија за слобода и солидарност освои 21 пратеничко место, а по неа следи конзервативната Олано-Нова партија со 19 места. Фицо изјави дека резултатите, според кои осум партии влегуваат во Парламентот се многу комплицирани и оти ќе биде потребно повеќе време за формирање на неговиот нов кабинет.

XS
SM
MD
LG