Достапни линкови

Германија загрижена за последиците од референдумот во Британија


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за БиБиСи изјави дека референдумот во Британија за напуштање на ЕУ ќе и наштети не само на економијата на земјата, туку и на европските и светските економии. Според него, преговорите во наредните години би биле многу тешки што ќе резултира со несигурност која ќе делува како отров за економијата на Британија на Европа и на глобално ниво.

Во однос на пристапувањето на Турција во ЕУ, тој истакна дека Германија има сомнежи околу нејзиното членство и оти преговорите ќе траат долго време, но според него тоа не треба сега да предизвикува загриженост.

XS
SM
MD
LG