Достапни линкови

Над илјада мигранти во Табановце


Околу 1.150 мигранти во моментов се сметени во Транзитниот центар Табановце, информираше денеска, координаторот на центарот, Горан Стојановски. Според него, тие даваат максимални напори да ги сместат луѓето. Но, како што истакнува Стојановски, мора да се потенцира дека во центарот веќе петнаесет дена сместена е една поголема група од Авганистани, а бројот на оние кои се сместуваат секојдневно расте.

Вчера, како што информира тој, пристигнал еден воз со 417 мигранти од кои 217 го продолжиле патот кон Србија, останатите како и претходните денови се вратиле во центарот. Воз пристигнал и утрово околу 6 часот со 179 лица.

XS
SM
MD
LG