Достапни линкови

Убиени двајца војници во судири во источна Украина


Украинската армија соопшти дека двајца војници биле убиени во судири со проруските бунтовници кои контролираат делови од источна Украина. Армискиот портопарол Андриј Лушенко денеска изјави дека престрелкат се случила во близина на пристаништето во Мариупол кои е под владина контрола, кога украинските војници откриле извидувачка бунтовничка група. Лукашенко додаде дека пет војници се повредени во изминатите 24 часа во источна Украина. Насилствата доаѓаат по најновите европски напори да го разрешат скоро двегодишниот конфликт, а Русија и Украина не успеаја да се договорат за изборите на териториите под контрола на бунтовниците. Повеќе од 9.000 луѓе се убиени и повеќе од 21.000 се повредени од почетокото на конфликтот во април 2014 година.

XS
SM
MD
LG