Достапни линкови

logo-print

Демонстранти бараат одговорност од МВР за случувањата во Бутел


Протест пред МВР за случувањата во населбата Бутел.

Протест пред МВР за случувањата во населбата Бутел.

Со транспаренти во рацете на кои пишува „Оливер за колку пари го продаде македонскиот народ“ или „Оливер зошто зимаш плата“, група граѓани попладнево се собраа пред Министерството за внатрешни работи и бараат одговорност од министерот Оливер Спасовски за уништувањето на темелите на 55 метарскиот крст во скопската населба Бутел. Тие сметаат дека Спасовски е одговорен, бидејќи не го спречил навремено уништувањето на темелите. Тие велат дека не се против поставување на верски објекти во Скопје и извикуваат „Македонија, Македонија...“

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) утринава упати повик на мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во кој беше наведено дека бара да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК, исто така, апелира до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празник Задушница. Протестите ги поддржа и владеачката партија ВМРО - ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG