Достапни линкови

Сириски бунтовници преземале контрола врз дел од границата


Група сириски бунтовници ја преземала контролата врз премин на границата со Ирак, соопшти Сириската организација за човекови права. Воздушните напади предводени од меѓународната коалиција ги принудиле милитантите на Исламската држава да се повлечат од границата и бунтовниците успеале до местото да се пробијат преку Јордан. Ирачкиот дел од границата се уште е под контрола на милитантите кои го освоија пределот во мај минатата година.

XS
SM
MD
LG