Достапни линкови

Бајден во посета на Блискиот Исток


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе го посети Блискиот Исток со цел да се информира за ситуацијата во Иран и Сирија, а во фокусот на разговорите ќе бидат и економските и енергетските интереси на САД. Белата куќа соопшти дека е во план Бајден да ги посети Обединетите Арапски Емирати, Израел, Западниот брег и Јордан. Тој ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Но, на неговата агенда нема да бидат иницијативи за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

XS
SM
MD
LG