Достапни линкови

Туск и Вучиќ очекуваат промена во политиката за мигрантите


Српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на вчерашната средба потенцирале дека е можно да се очекува промена во досегашната европска политика кон мигрантите, јавија српските медиуми. Според Вучиќ, Србија ќе ги почитува сопфатните и единствени заклучоци, кои евентуално би биле донесени на самитот на Европска унија.

Туск изјави дека може да се видат првите знаци од европски консензус во решавање на мигрантската криза. Тој истакна и дека доколку консензусот за сеопфатна стратегија се примени, може да помогне за запирање на бранот бегалци и решавање на кризата.

XS
SM
MD
LG