Достапни линкови

Солзавец и водени топови на протестите за весникот „Зaман“


Турската полиција со солзавец и со водени топови се обиде да ги растера демонстрантите, кои се собраа пред просториите на весникот „Заман“ во Истанбул откако властите донесоа одлука за преземање на контрола врз медиумот.Демонстрантите извикуваа „Слободниот печат не може да се замолчи“.Демонстрантите се обидоа и да ја спречат полицијата да влезе во зградата на весникот, но не успеаа.

Тиражот на „Заман“ минатата година изнесуваше 850 илјади примероци дневно. Весникот е обвинет дека е дел од мрежата на исламистичкиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.

XS
SM
MD
LG