Достапни линкови

logo-print

Поддршка од Јапонија за справување со мигрантската криза


Владата на Јапонија одлучи со грант во износ од 150 илјади американски долари директно да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и Куманово, кои се најпогодени од мигрантска криза во Македонија. Како што информираат од Амбасадата на Јапонија со седиште во Виена, преку Грант програмата за поддршка на мали проекти, Јапонија ќе помогне во рехабилитација и обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија и набавка на специјализирано возило за отпад и контејнери за општина Куманово.

Ова е четврта помош од Јапонија за мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари.

XS
SM
MD
LG