Достапни линкови

Молдавија ќе бира претседател на непосредни избори


Уставниот суд во Молдавија

Уставниот суд во Молдавија

Уставниот суд на Молдавија одлучи дека претседателот на државата треба да се бира на непосредни избори, со што го преиначи 16 години стариот уставен амандман според кој парламентот гласа за претседател. Ова е последно од низата политички превирања во земјата што почнаа во 2009 година кога истече вториот мандат на претседателот Владимир Воронин.

Претседателот на Уставниот суд Александру Танасе изјави дека денешната одлука ќе помогне да се избегне нова криза во земјата, која беше потресена од неколкумесечни антикорупциски протести, предизвикани од исчезнувањето на повеќе од 1 милијарда долари од банките во 2014 година. Демонстрантите бараат предвремени парламентарни избори, на кои најголеми шанси ќе има проруската опозиција.

Според оваа одлука на судот, претседателот Николае Тимофти, чиј мандат истекува овој месец, ќе остане в.д. претседател додека парламентот не одреди датум за непосредни претседателски избори. Пратениците имаат два месеци за тоа. Според досегашниот систем, претседател се бираше со најмалку 61 гласови во 101-члениот парламент.

XS
SM
MD
LG