Достапни линкови

УНХЦР – 400 илјади бегалци да се раселат од Турција


Врховниот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека 400 илјади сириски бегалци кои се во Турција, треба да бидат раселени во светот за да се помогне во намалувањето на притисокот врз таа држава. Директорот на европската канцеларија на УНХЦР, Венсан Коштел, вели дека бегалците може да бидат распределени во следните две години и ги повика Европа, Русија и САД да се ангажираат многу повеќе. Над два милиони бегалци, главно Сиријци, се во моментот во Турција. Коштел изјави дека само 7.500 бегалци се раселени од Турција во други држави во изминатата година.

XS
SM
MD
LG