Достапни линкови

logo-print

Русија загрижена од подготвеноста на Пјонгјанг за нуклеарно оружје


Кремљ соопшти дека Русија е сериозно загрижена поради подготвеноста на Пјонгјанг да употреби нуклеарно оружје, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска ѝ нареди на армијата да биде подготвена да започне нуклеарни напади во секое време. Тоа беше неговата прва официјална реакција на неодамна усвоеното проширување на санкциите против неговата земја од страна на ОН. Северна Кореја денеска исто така соопшти дека ќе продолжи со проширување на нивниот нуклеарен арсенал и оти ќе преземат „силни и безмилосни физички“ мерки.

САД и Јужна Кореја денеска почнаа официјални разговори за имплементирање на софистицираниот систем на противракетна одбрана на САД во Јужна Кореја. Двете земји исто така планираат големи воени вежби наредната недела, што според Северна Кореја се подготовки за инвазија.

XS
SM
MD
LG