Достапни линкови

logo-print

Да се работи на посуштински мир во Сирија


Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд

Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Русија се согласија дека треба да ја искористат можноста што ја дава прекинот на огнот во Сирија за да работат на посуштиски мировен процес, информира кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој денеска, преку конференциска врска, разговараше со францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и со рускиот претседател Владимир Путин. Кревкото примирје меѓу силите на претседателот на Сирија Башар ал-Асад и опозициските сили стапи во сила минатата недела. Примирјето не се однесува на Исламската држава и на Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда. По разговорот, Меркел рече дека со Камерон и Оланд исто така се согласиле дека е потребно да се заштитат надворешните граници на ЕУ од напливот на мигранти во наредните месеци.

XS
SM
MD
LG