Достапни линкови

Јолевски побара поддршка од САД за влез во НАТО


Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави на патот кон полноправно членство во Алијансата, заклучија министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји, на денешната средба во Министерството. На средбата министерот Јолевски побара поддршка од САД, како стратешки партнер, на претстојниот Самит на НАТО во Варшава. Како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски се фокусираше на досегашните развојни процеси и програми во Министерството и Армијата, кои, како што рече, докажуваат дека Македонија е подготвена за членство во НАТО.

XS
SM
MD
LG