Достапни линкови

Иванов – Мигрантите со авиони да се носат од Грција во Западна Европа


Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов во посета на границата со Грција

Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов во посета на границата со Грција

Со цел да се спречи хуманитарна криза во Грција, но и регионална нестабилност на Балканот, неопходно е што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку балканската рута, туку со воздушни коридори, порача претседателот Ѓорге Иванов на безбедносната конференција на ОБСЕ, што денеска се одржува во Рим.

Иванов уште еднаш повтори дека Македонија не сака да ги доведе во прашање односите со јужниот сосед и дека мора да им се помогне и на двете земји.

Иванов истакна дека се зголемуваат обидите за насилно влегување во Македонија, употребата на фалсификувани пасоши и документи на ФРОНТЕКС, како и насилството врз безбедносните сили на граничната линија, со што се доведува во прашање не само националната безбедност, туку и регионалната стабилност.

„Парадоксот е што сето тоа се случува од територија на држава која е дел од Шенген-зоната. На некој начин, доведени сме во ситуација Македонија да ја брани Европа од Европската унија“, рече Иванов во обраќањето, додавајќи дека ЕУ ги избриша внатрешните, без да ги утврди и обезбеди надворешните граници.

XS
SM
MD
LG