Достапни линкови

logo-print

Грчко МНР: Словачкиот премиер во делириум за бегалците


Грчкото Министерство за надворешни работи оцени дека словачкиот премиер Роберт Фицо бил во „делириум“ кога ги дал предизвикувачките изјави упатени кон Грција во врска со бегалската криза.

„Очигледно е дека словачкиот премиер неколку дена пред изборите во својата земја сака да и даде острина и драматичност на предизборната кампања... Не може да не се забележи неговиот делириум и да се сфати како Фицо планира да ги употреби своите надлежности доколку биде реизбран за премиер на Словачка, која набрзо ќе го преземе претседателството со Советот на ЕУ“, се наведува во соопштението на грчкото МНР.

Претходно оваа недела, при посета на македонско-грчката граница, словачкиот премиер ја обвини Грција дека не дејствува да ги спречи мигрантите, нагласувајќи дека ако Атина не го направи тоа, тогаш треба Македонија.

XS
SM
MD
LG