Достапни линкови

САД: Албанија главен извор за производство марихуана


Во последниот извештај на Стејт департментот за борба против наркотични средства се наведува дека Албанија и понатаму останува главен извор за производство на марихуана. Во извештајот се додава дека Албанија е транзит земја за шверц со кокаин и хероин, кои понатаму се шверцуваат за европскиот нарко пазар. „Според статистиката на албанската полиција, во првите десет месеци од минатата година реализирани се серија апсења, запленето е големо количество на дрога - 6,87 тони марихуана, а целосно уништија 689.815 садници марихуана засадена на 44 хектари во неколку делови на Албанија. Во наведениот период запленети се 55,3 килограми хероин и 26,4 килограми кокаин, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG