Достапни линкови

Путин го смени шефот на Централната изборна комисија


Владимир Чуров

Владимир Чуров

Рускиот претседател Владимир Путин го смени претседателот на Централната изборна комисија пред парламентарните избори во септември годинава. На списокот од пет луѓе кои ги именува Путин во Комисијата која има петнаесет членови не е и сегашниот претседател Владимир Чуров. На негово место е неименувана Ела Памфилова, која е советник на Путин за човекови права. Чуров е верен сојузник на Путин и раководеше со Централната изборна комисија од 2007 година. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека станува збор за редовна смена на членовите на Комисијата чиј мандат истекува на 27 март.

XS
SM
MD
LG