Достапни линкови

Федерика Могерини во посета на Тирана


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вчера престојуваше во Албанија. По средбата со албанскиот премиер Еди Рама, тој го повтори ставот на неговата земја дека нема да ги отвори границите за бегалци но нема ни да гради ѕидови. Од своја страна Могерини се осврна врз реформите во правосудството, набројувајќи ги главните причини поради кои албанската политичка класа треба да ги усвои. „Спроведете ги реформите не затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што тоа го бараат граѓаните“, изјави Могерини. Таа се обрати и пред албанскиот Парламент при што меѓу другото порача дека реформите во правосудството треба да бидат приоритет.

XS
SM
MD
LG